ЗАМЕНА НА РОБА / ВРАЌАЊЕ НА РОБА
Откако курирот ќе ви ја достави пратката, во негово присуство веднаш проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, побарајте не` на телефонските броеви 046 263 464 и 071 370 423 или испратете ни e-mail со своите податоци (име, презиме и телефон) на адресата info@tempora.mk и наведете ги причините поради кои сакате да направите замена, односно, враќање на производот. Контактирајте не` најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Во најкраток можен рок нашиот асистент ќе ве извести за понатамошната постапка.
Производот може да го вратите или замените во рок од 15 дена од датумот на купување. Производот мора да бидe неоштетен и неупотребуван, запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура, гаранциски лист и др.). Така подготвен и запакуван, на сопствен трошок, можете да го вратите производот во TEMPORA на адреса: “TЕМПОРА часовници и оптика”, ул Св Климент Охридски бр 75, 6000 Охрид (при онлајн купување) или да го однесете во ТЕМПОРА продажниот салон каде што е купен.
Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван запакуван во неговата оригинална амбалажа, придружен со сите оригинални документи кои сте ги добиле заедно со производот (фискална сметка/ фактура, гаранциски лист и др.)
Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
Враќање на средства на купувачот, без оглед на причината за враќање, доколку се купени од веб страната www.tempora.mk има обврска да го изврши исклучиво на трансакциската сметка на корисникот на картичката со која било извршено плаќањето. Рокот на враќање на средства може да трае до 15 дена од датумот на купување.
ГАРАНЦИЈА ЗА ЧАСОВНИЦИ
Секој купен часовник од Tempora часовници и оптика поседува гаранција од 24 месеци почнувајќи од датумот на купување. Гаранцијата се однесува на материјалните и фабричките дефекти на часовникот во однос на квалитетот и исправното функционирање, при користење во нормални услови.
Гаранцијата не се однесува на куќиштето, стаклото, ремчето, трајноста на батеријата, индиректни штети од било каков вид кои резултираат од на пример нормалното носење, гребење и стареење,изгребано стакло, промена на бојата и материјалот на неметалните ремчиња и белегзии, од кожа,ткаенина, гума, оштетувања настанати од вода, од хемиски средства, топлина, оган ,изложеност на магнетно поле ,обиди за неовластени поправки, било која штета на било кој дел од часовникот која резултира од неправлно носење, негрижа, невнимавање, удирање,кршење на стакло,неправилна употреба.
Го задржуваме правото да ја откажеме гаранциската одговорност доколку часовникот го отворило или оштетило неовластено лице.
Гаранцијата се зема во предвид исклучиво во гаранциски рок, со приложување на производот кој е предмет на рекламација, со заверен гаранциски лист и фискална сметка.
Потрошувачот ги има сите законски права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите. Овие права не се загрозени со гаранцијата. За се што не е нагласено во гаранцискиот лист, важат одредбите од Законот за заштита на потрошувачите.
ГАРАНЦИЈА ЗА ОЧИЛА
Секој купен пар на очила за сонце од Tempora часовници и оптика поседува гаранција од 12 месеци почнувајќи од датумот на купување. Гаранцијата се однесува на материјалните и фабричките дефекти на очилата во однос на квалитетот , при користење во нормални услови.
Гаранцијата не се однесува на, индиректни штети од било каков вид кои резултираат од на пример нормалното носење, гребење и стареење ,изгребано стакло , оштетувања настанати од вода, од хемиски средства, изложеност на оган и висока температура, обиди за неовластени поправки, било која штета на било кој дел од очилата која резултира од неправлно носење, негрижа, невнимавање, удирање,кршење на стакло, кршење на рачки ,кршење на оквири и неправилна употреба.
Го задржуваме правото да ја откажеме гаранциската одговорност доколку очилата ги оштетиле неовластени лица.
Гаранцијата се зема во предвид исклучиво во гаранциски рок, со приложување на производот кој е предмет на рекламација, со заверен гаранциски лист и фискална сметка.
Потрошувачот ги има сите законски права кои произлегуваат од националното законодавство кое ја регулира продажбата на производите. Овие права не се загрозени со гаранцијата. За се што не е нагласено во гаранцискиот лист, важат одредбите од Законот за заштита на потрошувачите.
Нашата компанија
Tempora e компанија со семејна традиција од 1954 која се занимава со продажба и сервисирње на високо квалитетни часовници.
Контактирајте нѐ
Информации
Претплати се
Добивај ексклузивни промоции, попусти и новости
2024 Tempora.mk | All rights Reserved | Powered by DigitalCentar
За повеќе информации и помош при купување, контактирајте не на следниот број:
Понеделник - Петок
(09ч-17ч)
info@tempora.mk