1
Македонски јазик English Language

Кошничка

0 Производи
Сите производи Часовници Очила за Сонце Накит
За Нас Сервис Контакт MK EN
0

ПОЛИТИКА ЗА КУПУВАЊЕ


УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ


Цените на сите производи на www.tempora.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Т.П. ЏЕКИ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Т.П.ЏЕКИ. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Т.П.ЏЕКИ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.


НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за производите и услугите на Т.П.Џеки купени преку веб страната www.tempora.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

1. Плаќање со платежна картичка
2. Плаќање при достава на производот

1. Плаќање со платежна картичка

Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Халк Банка, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот, а електронското дополнување е овозможено со истите картички издадени само во Р. Македонија. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта и/или СМС.

2. Плаќање при достава на прозводот

При доставата и превземањето на пратката која претходно е нарачано преку нашата веб страна www.tempora.mk, плаќањето на нарачката се врши исклучиво во готовина во денарска валута на курирот од нашата партнерска курирска служба која ја бирате во корпа и која Ви ја доставува пратката. При плаќањето,курирот е должен да издаде доставница/потврда за извршена уплата од страна на купувачот која служи и како доказ во случај на рекламација/враќање на производот.

PLEASE WAIT...
Information

ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ

За повеќе информации и помош при купување, контактирајте не на следниот број:

Работно време на call центарот

Понеделник - Петок
(09ч-17ч)

Контакт

info@tempora.mk