Почитувани корисници,
Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.
Термини и услови
Оваа интернет страна, со домеин www.tempora.mk, во сопственост на Т.П ЏЕКИ, со седиште на ул.Даме Груев 163а, е сервис создаден за корисниците со цел да овозможи пребарување, споредба и/или купување на производи и услуги. Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на одредени услови и правила, за што Ве замолуваме пред користење на страната, внимателно да ги прочитате. Т.П.ЏЕКИ не превзема никаква одговорност доколку корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење и купување.
Општи услови
Со самата посета или купување преку нашата интернет страна, потребно е да се согласите со условите наведени подолу, чие право на промена во зависност од условите и потребите е задржано без претходно известување на корисниците на сајтот. Т.П. ЏЕКИ не превзема одговорност доколку корисникот на сајтот не ги прочитал јавно достапните информации и услови од овој сајт. Ако не се согласувате со Општите услови на оваа страна, едноставно не ја користете и повелете во нашиот продажен салон ТЕМПОРА
Називот ТЕМПОРА е заштитен трговски знак на Т.П.ЏЕКИ забранет е секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност на сопственикот. Т.П.ЏЕКИ ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак ТЕМПОРА. Целата содржина на оваа страна, вклучувајќи ја формата, изгледот, сликите, информациите, дизајнот и сите достапни податоци, се интелектуална сопственост на Т.П.ЏЕКИ и се заштитени со авторско право и сродните права. Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од овој сајт е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нуди оваа страна. Споделените информации од оваа страна имаат информативен карактер. Секогаш ќе се залагаме за точност на информациите, но можни се отстапувања и пропусти во информирањето, во зависност од изворот на информациите.
За сите производи ќе се потрудиме да имате достапна фотографија, како илустрација за изгледот и формата на производот.
Како би ги задоволиле Вашите потреби и барања, Т.П. ЏЕКИ ќе се залага за достапност на својата интернет страна 24 часа во денот. Во случај на привремена недостапност односно прекин на пристапот до интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на Т.П.ЏЕКИ, не можеме да превземеме никаква одговорност и да Ви гарантираме постојан пристап.
Услови и правила за купување
Цените на сите производи на www.tempora.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Т.П. ЏЕКИ го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на Т.П.ЏЕКИ. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето не е задолжително за реализацијата на нарачката, но при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како и адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, Т.П.ЏЕКИ има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.
НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето за производите и услугите на Т.П.ЏЕКИ купени преку веб страната www.tempora.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини:
1. Плаќање со платежна картичка
2. Плаќање при достава на производот
1. Плаќање со платежна картичка
Електронското плаќање на нарачаните производи е овозможено преку Халк Банка, членка на NBG групацијата, со сите картички од брендот на MasterCard и VISA издадени од која било банка во светот, а електронското дополнување е овозможено со истите картички издадени само во Р. Македонија. При плаќањето со платежна картичка, авторизацијата се врши автоматски онлајн преку CaSys. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта и/или СМС.
2. Плаќање при достава на прозводот
При доставата и превземањето на пратката која претходно е нарачано преку нашата веб страна www.tempora.mk, плаќањето на нарачката се врши исклучиво во готовина во денарска валута на курирот од нашата партнерска курирска служба која ја бирате во корпа и која Ви ја доставува пратката. При плаќањето,курирот е должен да издаде доставница/потврда за извршена уплата од страна на купувачот која служи и како доказ во случај на рекламација/враќање на производот.
Подршка на корисници
За било какви информации и прашања во врска со реализацијата на интернет продажба може да се јавите на телефоните 071 370 423 и 046 263 464 кој е достапен во периодот од 09:00 часот до 21:00 часот секој работен ден или да не контактирате 24/7 преку нашиот e-mail: info@tempora.mk
Политика на испорака на производи
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија. Сите производи ќе Ви бидат доставени на адресата за испорака која задолжително треба да ја доставите при креирање на нарачката.
Периодот за испорака е во зависност од локацијата за испорака. Испорака во сабота по 15 часот, во недела и на државни празници не се врши.
Пред испораката на производот купувачот ќе биде телефонски контактиран, на телефонскиот број оставен за контакт, за потврдување на датумот и времето на испораката.
Доколку нарачката е направена по 21 часот, истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во сабота по 21 часот, недела или во неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат викендите и неработните денови.
Испораката на производот се врши на наведената адреса за испорака од страна на купувачот. Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.
Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен трошокот за транспорт. Доколку купувачот сака да го замени производот, должен е да го чува неоштетен, неотпакуван и неупотребуван заедно со сите приложени документи. Доколку има доцнење на испораката од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката, Т.П ЏЕКИ не може да превземе никаква одговорност.
Враќање и замена на производи
Купувачот има право да врати купен производ во период од 7 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, придружен со сите оригинални документи кои ги имал при приемот. Средствата ќе ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот. Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата или бројот. Потрошувачот правото може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, како и фискалната сметка или Фактура-испратница кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот. Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара да го раскине договорот и да бара враќање на платениот паричен износ.
Гаранција
Секој производ, купен преку интернет страната на ТЕМПОРА, има соодветен Гарантен лист и гарантен рок одреден од производителот. Гарантниот лист содржи гарантна изјава и гарантни услови кои се обврзувачки за полноважноста на гаранцијата на производот. Гаранцијата нема да важи доколку:
Не се достапни гарантниот лист или доказот за купување (фискална сметка или Фактура-испратница)
Има обиди за поправка на производот од неовластени сервиси
Има оштетувања или дефекти настанати при неправилна употреба на производот
Има физички оштетувања на производот
Гаранцијата на производот не ги покрива додатоците и компонентите кои имаат ограничен рок на траење.
КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА НА ТЕМПОРА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.
Податоци за компанијата
Трговец Поединец за трговија на мало со часовници и накит Сулејман Мехмедали Џенгиз Т.П.ЏЕКИ - ОХРИД
Адреса : Ул ДАМЕ ГРУЕВ 163 ОХРИД
Тел. : 046 263 464
ЕМБС : 5411262
ЕДБ : МК 5020985100330
Нашата компанија
Tempora e компанија со семејна традиција од 1954 која се занимава со продажба и сервисирње на високо квалитетни часовници.
Контактирајте нѐ
Информации
Претплати се
Добивај ексклузивни промоции, попусти и новости
2024 Tempora.mk | All rights Reserved | Powered by DigitalCentar
За повеќе информации и помош при купување, контактирајте не на следниот број:
Понеделник - Петок
(09ч-17ч)
info@tempora.mk