1
Македонски јазик English Language

Кошничка

0 Производи
Сите производи Часовници Очила за Сонце Накит
За Нас Сервис Контакт MK EN
0

Сервис




Часовникот кој има потреба од сервисирање, потребно е да го оставите во нашиот сервисен центар за понатамошна дијагностика. Во зависност од видот на дефектот вообичаен рок за порправка е 1-4 дена од денот на приемот на часовникот. Без разлика дали ќе одлучите да го поправите часовникот или не, дијагнозата на дефектот е безплатна.


За вашиот часовник да има подолг животен век, потребно е механизмот да се проверува на секои две до три години, ова особено се однесува за механичките или автоматски часовници.


Во нашиот сервисен центар ги нудиме следните услуги:


  • Замена на батерии кај часовници со кварцен механизам
  • Копмлетен сервис на механички часовници (расклопување, чистење,регулација на точност, подамачкување и склопување на механизмот)
  • Замена на дихтунзи за водоопорност
  • Замена на круна и копчиња кај кварцни и механички часовници
  • Замена на целосен механизам кај кварцните часовници
  • Полирање и замена на стакло
  • Полирање на куќиште и метално ремче од часовник
  • Замена на циркони
  • Корекција на сказалки
  • Замена на ремче
  • Oригинални ремчина за сите брендови кои се застапени во нашиот продажен салон покрај ова нудиме и алтернативни каишки било да се гумени ,кожни или метални
  • сервисирање на сите видови часовници и очила кои не се застапени во нашето портфолио.



КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ВАШИОТ ЧАСОВНИК

  • МАГНЕТНИ ПОЛИЊА
Избегнувајте поставување на вашиот часовник на електронски направи, кои генерират моќни магнетни полиња.


  • ТЕМПЕРАТУРА
Избегнувајте екстремни температури над 60°C и под 0°C или екстремни температурни промени.
  • ЧАСОВНИЦИ СО КОЖНО РЕМЧЕ
Избегнувајте подолго изложување на сончева светлина за да се спречи избледување на бојата на ремчето.

Не заборавајте дека кожата е пропустлива, затоа треба да се избегнува контакт со влажни и мрсни супстанции и козметички производи кои би можеле да предизвикаат деформација на ремчето.


  • ХЕМИСКИ СУПСТАНЦИ
Избегнувајте директен контакт со растворувачи, детергенти, парфеми, козметички производи итн.,бидејќи тие можат да ги оштетат ремчето, куќиштето и дихтунзите.

  • ОТПОРНОСТ НА ВОДА
Отпорноста на вода на еден часовник не може да биде трајно загарнтирана. На неа може да влијае стареењето на дихтунзите или случаен удар на круната или стаклото од часовникот.

Кога Часовникот губи водоотпорност?

  • При скокање во вода – бидејќи часовникот е изложен на значително поголем притисок од дозволеното, ова не важи за модели со водоотпорност над WR 300m/30ATM/ 30bar

  • Кога ја користите круната под вода или кога влегувате во вода додека круната е извлечена/одвртена.

  • Кога го изложувате часовникот на големи температурни разлики (туш со топла вода, сауна...)

  • Кога пливате во базен или море ( солта и хлорот имаат негативно влијание врз дихтунгот на часовникот)

  • Кога стаклото е пукнато или круната е оштетена, водата може да навлезе во механизмот

ТАБЛИЦА ЗА ВОДООПОРНОСТ:

WR - часовникот не водоотпорен – одбегнувајте контакт со вода.

WR 30m/3ATM/3bar - дозволено прскање на часовникот со вода.


WR 50m/5ATM/5bar - дозволено миење на раце, дожд и влажни раце.


WR 100m/10ATM/10bar -дозволено пливање


WR 200m/20ATM/20bar - дозволено рекреативно нуркање.


WR 300m/30ATM/30bar и повеќе – дозволено професионално нуркање



Доколку имате дополнителни прашања во врска со сервисот слободно можете да не контактирате на следните теклефонски броеви:

+389 46 263 464

+389 71 370 423






PLEASE WAIT...
Information

ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ

За повеќе информации и помош при купување, контактирајте не на следниот број:

Работно време на call центарот

Понеделник - Петок
(09ч-17ч)

Контакт

info@tempora.mk